Гостивар именуваше нов тренер до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, во името на турскиот стратег Емре Озбајер.
46-годишниот Озбајер е поранешен тренер на турскиот суперлигаш Ескишехрспор, а во својата менаџерска кариера работел и како тренер на Анадолу и Ербаспор во Турција.
Негов помошник во Гостивар ќе му биде сонародникот Мустафа Алтуналан, а во стручниот штаб, како што информираше клубот, остануваат и останатите досегашни членови на стручниот тим на прволигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

