Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид доби отказ од Колумбија

Колумбиската фудбалска федерација одлучи да го раскине договорот со Карлос Квеирош по лошите резултати во квалификациите за Светското првенство.

Билетот за Катар беше загорезен уште на дебаклот од Еквадор со 6-1, а поразот од Уругвај од 3-0 дополнително ги разочара Колумбиците.

Поранешниот помошен тренер на Манчестер Јунајтед и првиот тренер на Реал Мадрид, два пати ја водеше репрезентацијата на Иран до Светското првенство, со што доби шанса како прв тренер на Колумбија, но Португалецот овој пат не успеа во тоа што најдобро го знае.

Се вчитува...