Поранешниот тренер на Манчестер Сити презема четвртолигаш

Марк Хјуз, прославниот велски фудбалер кој во играчката кариерата настапуваше за Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Барселона, Челси, а во тренерската во еден момент беше и на клупата на Манчестер Сити има нов ангажман.

Тој во иднина ќе биде предводник на англискиот четвртолигаш Карлајл Јунајтед кој денеска го официјализираше неговиот ангажман.

 

Хјуз тренерската кариера ја започна како селектор на Велс, а покрај Сити беше дел и од Блекбурн, Фулан, Квинс Парк Ренџерс, Стоук, Саутемптон и Бредфорд Сити.

Се вчитува...