Поранешниот тренер на Пелистер, ќе му биде асистен на Ивановиќ во Виртус

Поранешниот тренер на македонскиот прволигаш Пелистер, Ненад Трајковиќ е ново име во стручниот штаб на Душко Ивановиќ во Виртус Болоња. Трајковиќ минатата година седна на клупата на битолчани, но по катастрофалните партии посебно во плеј-офот од Првата лига следуваше раскинување на договорот.

Трајковиќ периодов се поврзуваше и со Партизан, но на крајот реши да ја обнови соработката со поранешниот тренер на Црвена звезда, кој ќе го води тимот на Виртус и во следната сезона.

Потесната спецификација на работното место се однесува на индивидуална работа и скаутинг на одбраната на Виртус, кој во новата сезона сака значително да го подобри впечатокот од минатата сезона.

Трајковиќ ја започна својата тренерска кариера пред речиси четири децении во Партизан, работејќи од помладите категории до првиот тим со кој еднаш го освои Купот.

Се вчитува...