Поранешниот тренер на Шкендија, Бруно Акраповиќ треба да го преземе кормилото на хрватскиот прволигаш НК Сплит, пренесуваат дел од хрватските медиуми.
Се очекуваше деновиве промоција на клупата на Сплит да има за Елвис Скорија, но неговиот договор со раководството на клубот пропаднал во последен момент. Сега прв кандидат за нов тренер е Бруно Акраповиќ кој пред крајот на минатата година се раздели со Шкендија.
Како потенцијален наследник на досегашниот тренер Вјекослав Локица се спомнува и Иван Каталиниќ, но сепак Акраповиќ е првиот избор на раководството на сплиќаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА