Поранешниот тренер на Шкендија, Бруно Акраповиќ е кандидат за нов тренер на хрватскиот шампион Динамо Загреб.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, 53-годишниот стратег е најголема желба на раководството на хрватскиот клуб кој остана без тренер откако Зоран Мамиќ е осуден на долгогодишна затворска казна.
Акраповиќ до 2017 година беше тренер на Шкендија, а потоа со голем успех ги водеше бугарските Локомотив Пловдив, стигнувајќи до три трофеи во Купот и Суперкупот, како и ЦСКА Софија. Сега е еден од најсериозните кандидати да го преземе тимот на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА