Поранешниот тренер на Шкендија стана помошник во Динамо Загреб

Екс тренерот на Шкендија, Рој Ференчина е назначен за помошник на Анте Чачиќ во Динамо Загреб. Ференчина беше дел од тетовскиот тим во 2014 година, откако доби отказ поради неуспешните резултати.

Ференчина покрај Шкендија ги водеше и екипите на Кустошија, Хрватски Драговољац, Виноградар, Славен Белупо, а беше асистент и прв тренер во Локомотива.

Ференчина се задржа на клупата на Шкендија неполни три месеци. Тој ја презеде екипата на почетокот на јуни, а потоа на крајот на август беше сменет од клупата, по само неколку натпревари.

Се вчитува...