Поранешниот тренер на Вардар ќе ја води женската репрезентација на Чиле

Аргентинскиот ракометен стратег Гиљермо Милано кој беше тренер на македонскиот гигант Вардар и актуелен тренер на американскиот клуб Калифорнија Иглс, доби нов значаен предизвик во кариерата.

По долгогодишното водство на машката сениорска репрезентација на Аргентина, каде што постигна забележителни успеси како златен медал на Панамериканските игри во 2023 година, Милано сега ќе го преземе кормилото и на женската национална селекција на Чиле. Милано е именуван за селектор на чилеанските ракометарки, кои под негово водство ќе се подготвуваат за претстојното Првенство на Средна и Јужна Америка.

Овој ангажман претставува ново поглавје за искусниот Аргентинец, кој има богато искуство во клубови и репрезентации, а сега ќе има можност да го пренесе своето знаење и на женскиот ракомет во Јужна Америка.

Се вчитува...