Поранешниот центар на МЗТ, Роберт Рикиќ, сега во Работнички

Хрватскиот интернационалец, Роберт Рикиќ како што и претходно беше најавено сега официјално промовиран како прво големо засилување за Работнички во летниот преоден рок.

Поранешниот центар на МЗТ Скопје, кој минатата сезона ја мина во Чешка, сега повторно се враќа во Македонија но во дресот на тимот од Градски парк.

Работнички е пред промоција на договорите и со Виктор Ефремовски и Стојан Ѓуроски, а претходно беше ангажиран и Бобан Стајиќ.

Се вчитува...