Поранешниот украински репрезентативец Тимошчук се соочува со затвор

Поранешниот украински репрезентативец Анатоли Тимошчук, би можел да заврши во затвор бидејќи му се заканува казна до 12 години во Украина.

Членот на стручниот штаб на Зенит е осомничен за финансирање на воени единици на руските вооружени сили, објавува „Р-Спорт“.

Тимошчук е осомничен за прекршок согласно Кривичниот законик во Украина. Претходно во 2022 година на Тимошчук му беше одземена тренерската лиценца со одлука на Украинската фудбалска федерација, затоа што остана во Русија, и покрај тоа што оваа земја изврши напади на Украина. Исто така федерацијата му ги избриша и сите освоени титули во Украина.

Тимошчук поднесе жалба, но истата беше одбиена, додека Спортскиот арбитражен суд предуси дека титулите на Тимошчук не можат да бидат одземени од страна на украинската федерација.

Некогашниот играч на Зенит, Шахтјор и Баерн Минхен одби да се врати во Украина по руската агресија.

Се вчитува...