Ракометниот шампион на Македонија Пелистер официјално го објави трансферот на поранешниот вардарец Илија Абутовиќ.
Дефанзивецот со богата кариера доаѓа во Битола од француската лига, каде го носеше дресот на Шартр. 35-годишникот, роден во Врбас, се обврза на едногодишен договор со битолскиот клуб и ќе се приклучи на подготовките на екипата во последната недела од јули.
Абутовиќ со двократниот европски шампион Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА