Олеснителна околност за македонскиот шампион Струга ТЛ пред утрешниот натпревар против Слован Братислав на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите. Како што информираат словачките медиуми, поради повреда неизвесен е настапот на еден од најдобрите фудбалери на Слован, ерменскиот репрезентативец Тигран Барсегјан.
Барсегјан, кој од 2016 до 2018 година повеќе од успешно го носеше дресот на Вардар, се повредил на еден од последните тренинзи на тимот поради што неизвесен е неговиот настап на утрешниот дуел во Братислава.
Ерменецот, кој е еден од најплатените во редовите на словачкиот шампион, минатата сезона беше и еден од најефективните фудбалери со најзначаен учинок на патот до шампионската титула.
Струга ТЛ вечерва во Братислава треба да го одработи и официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар кој почнува од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА