Пораз и две повреди за Партизан во Атина

Убедлиот пораз од Панатинаикос во последниот евролигашки натпревар не е единствената причина за грижа за искусниот српски стратег Жељко Обрадовиќ бидејќи два кошаркари на Партизан претрпеа повреда во Атина.

Станува збор за Исак Бонга и Алексеј Покушевски. Бонга заработи повреда на лактот при пад на теренот, додека Покушевски се пожали на повреда на веќе проблематичното рамо.

Сериозноста на повредата кај Германецот и Србинот останува непозната додека не се одработат дополнителните прегледи, но извесно е дека двајцата можат да отсуствуваат подолго време од теренот.

Се вчитува...