Пораз и на ракометарите на стартот на ЕМОФ 2025

По поразот на женската репрезнтација на Македонија, на стартот на ракометниот турнир на Европскиот младински олимписки фестивал, пораз доживеа и машката репрезентација.

Во првото коло на игрите во Скопје, Куманово и Осијек нашите надежи загубија од репрезентацијата на Хрватска со 27-19. Нашите надежи имаа сила за егал само едно полувреме против Хрватите 10-10.

Петрески, Симоновски, Дамчевски и Угреновиќ постигнаа по три гола во нашиот тим. Утре Македонија се среќава со Шпанија.

Се вчитува...