Пораз и од В. Британија на Европското првенство до 18 години Б дивизија

Женските кошаркарски надежи на Македонија до 18 години забележаа нов пораз на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во нашата земја. Во мечот за пласман од 17 до 23 позиција нашите надежи во тесен натпревар загубија од Велика Британија со 57-54.

Најефикасна во нашиот табор беше Илина Селчова со 20 постигнати поени, додека кај Британките најдобра беше Ребека Аџевај со 13 уфрлени поени.

Се вчитува...