Македонската репрезентација ја прекина серијата од десет едноподруго натпревари без пораз, со новиот „минус“ на уште еден пријателски натпревар овој пат против Саудиска Арабија во Прага.
Во меч кој, пред се, беше експериментална проверка на селекторот Благоја Милевски на новоповиканите фудбалери низ еден комбиниран состав, на крајот Македонија се чини загуби со 2-1 пред се од сопствени грешки, во голема мера наивно низ еден натпревар кој едноставно „мирисаше“ единствено на реми.
Па, токму и затоа, наивноста и начинот на примените голови го нуди поразот пред се како една добра опомена пред она клучното во овој септемвриски собир, квалификацискиот натпревар со Лихтенштајн кој е во фокусот на македонското фудбалско внимание….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА









