Ракометарите на Тиквеш славеа на домашен терен откако го совладаа тимот на Еурофарм Пелистер 2 со 27-25 во рамките од осмото коло на ракометната Супер-лигата.
Домаќините со предност од три гола го отворија натпреварот, но гостите не се лесно предадоа. Битолчани постојано се бореа и го наметнуваа своето темпо на игра, а во тоа успеаја во последните минути од првиот дел, кога направија мини серија за предност од два гола, 12-14, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел подолго време се играше гол за гол, а домаќините го скршија отпорот на битолчани во последните десет минути, кога одиграа одлична одбрана и супер реализација во нападот. Ваквиот пристап кон играта им донесе победа на домашен терен за зајакнување на победничкиот менталитет во македонската ракометна лига.
Мартин Димовски со единаесет погодоци ги предводеше домаќините, додека кај гостите се истакна Павле Петровиќ со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА