Оклахома стигна до „брејк“ во вториот натпревар во Колорадо и ја изедначи четвртфиналната серија против Денвер на 2-2 откако триумфираше во нова драма со 87-92.
Никола Јокиќ повторно немаше своја вечер кога станува збор за шутот, но и покрај тоа со 27 поени и 13 скокови го предводеше својот тим. Гилџус-Александер постигна 25 поени, шест скокови и шест асистенции за Окалхома.
Индијана има водство од 3-1 против Кливленд откако забележа нова победа, овој пат од 129-109 благодарение на тимската игра која ја отсликаа седум кошаркари со двоцифрен број на постигнати поени. Од нив се издвои Сијакам со 21 поен и шест скокови, додека со 21 поен и шест асистенции прво име кај Кливленд беше Гарланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

