Пораз на Ѓоковиќ во последната контрола пред Вимблдон

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ загуби на последната контрола пред настапот на неофицијалното светско првенство, Вимблдон.

Тој денеска на егзибицискиот турнир во Харлингем загуби од Карен Хачанов со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-4.

На стартот на Вимблдон, Србинот за противник ќе го има францускиот тенисер Александр Мулер.

Се вчитува...