Пораз на Ѓорческа на Челинџерот во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана на ВТА Челинџерот 125 во Рим. Поуспешна од неа беше Петра Марчинко од Хрватска, која со 2-0 во сетови (6-2 и 6-4).

Во двата сета ривалката имаше подобра завршница и успеа да избори пласман во четвртфиналето на турнирот.

Ѓорческа за пласманот во второто коло на турнир ќе освои 15 поени, кои ќе и овзоможат скок на ВТА листата при следното рангирање.

Македонската тенисерка следната недела ја очекува настап на турнир во Португалија.

Се вчитува...