Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер турнирот во Кливленд уште на самиот старт.
Ивановски во првото коло на турнирот во американската држава Охајо, на убедлив начин загуби од домашниот тенисер Брендон Холт со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-1.
И покрај поразот радува тоа што Ивановски по долга пауза полека се враќа во натпреварувачка форма, бидејќи поради повреда ја пропушти скоро цела мината сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

