Пораз на Ивановски во првиот натпревар во Хамбург

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски претрпе пораз од 2-0 од страна на холандскиот тенисер Јеле Селс во првиот натпревар на „Челинџер 50“ турнирот во германски град Хамбург.

Во натпреварот кој траеше еден час и 27 минути пресудни за победата на Холанѓанецот беа искористените брејк топки.

Селс го доби првиот сет со 6-2 во гемови, а и покрај тоа што Ивановски одигра подобро во вториот сет, немаше сили за изедначување па загуби со 6-4.

Се вчитува...