Пораз на Ивановски во второто квалификациско коло во Словачка

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски претпре пораз во второто квалификациско коло од Челинџерот во Братислава, Словачка.

По триумфот во првото коло над американскиот тенисер Александар Ковачевиќ со 2-0, загуби од словачкиот тенисер Милош Карлос со 2-0.

Првиот, неизвесен сет му припадна на Словакот со 7-5, додека вториот го доби со 6-4.

Се вчитува...