Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот кој се игра во Загреб.
Во полуфиналето на турнирот во главниот град на Хрватска, Ивановски загуби од тенисерот од Босна и Херцеговина Мирза Башиќ со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.
И покрај поразот во полуфиналето се очекува напредок на Ивановски на АТП листата во понеделник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

