Интер Мајами ќе мора да игра мајсторка за пласман во четвртфиналето во МЛС лигата откако синоќа загуби на гостувањето кај Атланта со 2-1.
Интер Мајами првиот меч го доби со 1-0 па се очекуваше победа и на вториот меч против големиот аутсајдер. Интер Мајами добро го почна мечот, поведе со гол на Мартинез во 40. минута од натпреварот.
Атланта изедначи во 58. минута преку Вилијамс, а во 94. минута Силва погоди за конечни 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА