Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз од селекцијата на Турција (30-26), на првиот меч од турнирот што се игра во оваа земја. Турските ракометарки беа подобри во текот на целиот меч, на полувреме водеа со 15-12, за на крајот да триумфираат со конечни четири гола разлика.
„Црвено-жолтите“ утре ќе ги одмерат силите со Б-селекцијата на домаќинот на овој турнир, додека в недела ќе се сретнат и со селекцијата на Италија.
Овие натпревари се дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2018 година во Франција. Нашата национална селекција ќе го отвори квалификацискиот циклус со натпревар против Шведска, на гостински терен во Лунд на 28 септември, додека на 1 октомври Македонија во СРЦ „Кале” во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Србија.
Во нашата квалификациска група уште се наоѓа и селекцијата на Фарски Острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА