Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз го стартуваше настапот на Европскиот младински олимписки фестивал.
На стартот на турнирот од нашите ракометарки подобар беше Исланд кој славеше со 29-22. Клучна во мечот се покажа серијата на Исланѓанките на стартот на мечот кога поведоа со 9-1, па до крајот успеаја да го исконтролираат резултатот.
Ристовска со пет и Димоска и Трифуноска со по четири гола беа најефикасни во нашиот тим. Утре Македонија ќе игра против Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

