Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија загуби во контролниот натпревар против украинска Десна со 3-1 кој се игра како дел од подготовките на тетовскиот тим во Анталија. Украинците поведоа во 30. минута, а веќе десет минути подоцна беше 2-0. Тетовскиот клуб успеа во 60. да намали на 2-1, а конечните 3-1 беа поставени во 72. минута.
Стартниот состав на Шкендија за овој меч беше Захов, Мурати, Незири, Бејтулаи, Павиќ, Алими, Дита, Зејнулаи, Нафиу, Дориев и Ибраими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

