Пораз на Силекс од Железничар на последниот тест во Анталија

Фудбалерите на Силекс загубија на својот последен пријателски натпревар за време на подготовките во турска Анталија.

Кратовци денеска загубија од сараевски Железничар со 2-0. Стрелец на двата гола за прволигашот од БиХ беше Сулејман Крпиќ. На првиот гол во 65. минута асистираше македонскиот интернационалец Цветаноски, а вториот гол беше постигнат во 75. минута од натпреварот.

Се вчитува...