Ненад Димитријевиќ се радуваше на нова победа со тимот на Хувентуд, откако во суперинтересна завршница екипата на македонскиот интернационалец славеше со 86-84 над Мурсија. Богдановиќ беше човекот на одлука во редовите на Хувентус, постигнувајќи го клучниот шут за победа, додека Димитријевиќ повторно се покажа во солидно светло. Младиот македонски плејмејкер мина неполни 15 минути на теренот, период во кој постигна осум поени (2/3 за тројка, 1/2 за два поени) и два дефанзивни скокови.
Екипата на Бетис, за која настапува и Војдан Стојановски, влегува во резултатска криза откако „зелено-белите“ попладнево загубија на домашен терен од 73-77, петти пораз во низа за клубот од Севилја чиј тренер е Жан Табак. Стојановски го заврши натпреварот со 10 поени, пет скока и една украдена топка, премалку за да се прекине „црната серија“ на Бетис во Ендеса-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА