Пораз на втората контрола: Шкендија загуби од чешкиот Злин (0-1)

Македонскиот првак Шкендија забележа пораз на вториот подготвителен натпревар во Словенија. Составот на Ќатип Османи загуби со 1-0 од чешкиот прволигаш Злин. Стрелец на победничкиот погодок за деветтопласираниот тим во чешкиот шампионат беше Павел Вихнал во 15.минута од средбата.

Шкендија имаше неколку убави шанси за израмнување на резултатот, но голманот на Злин, Станислав Достал, имаше одлично издание.

Тренерот Ќатип Османи на овој меч го изведе следниот состав: Захов, Бејтулаи, Муслиу, Чешмеџиев, Мици, Хусмани, Алими, Радески, Тотре, Нафиу, А. Ибраими. Во вториот дел добија шанса и другите фудбалери.

Се вчитува...