Младата кошаркарска репрезентација на Македонија го освои осмото место на Европското Првенство – Б дивизија што денеска завршува во Грузија откако избраниците на селекторот Василев го загубија денешниот меч за пласман против Бугарија со резултат 64-69.
Заморот од пеколниот распоред на натпревари беше очигледен, па нашите младинци речиси цел меч имаа резултатска негатива што ја бркаа. Иако се соочија и со двоцифрено заостанување, „црвено-жолтите“ во ниту еден момент не се предадоа, па се изборија и за неизвесна завршница, откако при резултат 64-67 Хот имаше две слободни фрлања на 11 секунди до крајот. Сепак, македонскиот центар ги промаши двете фрлања, по што Бугарите стигнаа до конечен триумф од 64-69.
Миловановиќ со 18 поени и девет скокови беше прв стрелец во нашиот табор, Савичевиќ реализираше 15 поени и 5 асистенции, додека Хот оствари дабл-дабл од 10 поени и 13 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА