Пораз од Данска не е ништо страшно, ако се извлече поука од грешките (фотогалерија)

Македонија со пораз го почна настапот на ЕП 2026, очекуван исход ако се знае дека наш прв ривал беше Данска, репрезентацијата што е убедливо број 1 во европскиот и светскиот ракомет во последните неколку години.

Данците не блескаа, рутински стигнаа до победа од „плус 12“, како казнена експедиција полнејќи ја нашата мрежа по секоја грешка или промашен шут на македонските ракометари. Покажаа зошто се фаворит број 1 на шампионатот, а ние на моменти им париравме сосема добро, без оглед на конечниот исход.

Секако, за да се победи Данска потребни се перфектни 60 минути што беше невозможна мисија за „пулените на Лазаров“, но она што е важно е да се извлече позитивното, а воедно и да се поправат грешките во пресрет на следниот меч.

Затоа што дуелот со Португалија е „да се биде или не“ за пласман во следната фаза, а на подобар резултат можеме да се надеваме само ако се извлече поука, па денешните грешки не бидат повторени в недела.

Се вчитува...