Кадетската репрезентација на Македонија не успеа да врзе две победи во низа со што ќе обезбедеше опстанок во елитното друштво откако нашите млади ракометари попладнево загубија од Грција со резултат . Ова е вкупно четврти пораз за нашите кадети на шампионат, прв во разигрувањето за опстанок, каде шансата сепак не е загубена, но во следното коло ќе мора да се брка победа против Италија која веќе има два триумфа во оваа рунда.
Македонија има за што да жали особено ако се земе во предвид одличниот почеток на мечот. Избраниците на селекторот Танески фантастично отворија, поведувајќи со 3-1 по само неколку минути игра, а потоа стигнувајќи и до плус пет (8-3, па 9-4). Тогаш дојде до првиот пад во играта на Македонија, кога Грците се приближија до 9-8, но нашите млади ракометари сепак успеаја да заминат на одмор со два гола предност (11-9).
Клучен беше почетокот на вториот дел што Грција го отвори со четири гола во низа и водство од 11-13. Јужниот сосед потоа го контролираше резултатот, стигна и до пет гола предност (18-23). Македонија во финишот се врати во посакуваниот ритам, но предоцна откако успеавме само да дојдеме на еден гол негатива преку Митев (24-25). Грците го реализираа клучниот напад, Македонија возврати преку Пецаноски, но веќе немаше време за целосен камбек, па за жал овој меч заврши со минимален пораз на нашите кадети.
Митев постигна шест, Илиевски пет гола за Македонија на овој натпревар, додека Ѓорѓи Николовски имаше 11 успешни интервенции на нашиот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА