Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај Грција со максимални 3-0 по сетови 25-18, 25-15 и 27-25 во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Нашите одбојкари добро го отворија првиот сет, но немаа сила за нешто повеќе па Грците поведоа со 1-0, добивајќи го воведниот сет со 25-18.
Вториот сет домаќинот буквално не надигра, добивајќи го со 25-15 за водство од 2-0 во сетови. Популарните „спартанци“ конечно заиграа на ниво во третиот сет, но немаа среќа бидејќи го загубија со 27-25 за конечни 3-0
В недела во Скопје ја пречекуваме Грузија против која мораме да славиме со максимални 3:0 и да се надеваме дека ќе ни се „склопат коцките“ од преостанатите дуели во групите за да го освоиме последното петто место на табелата меѓу второпласираните репрезентации кои ќе одат на ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

