Пораз од кој ќе се извлечат поуки, за ЕП ќе мора многу подобро (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометната репрезентација на Македонија претрпе пораз од 31-32 на вториот дуел од двомечот со Јапонија што беше одигран попладнево во салата во Куманово. Селекторот Лазаров имаше можност да ги види на дело своите избраници против селекција што игра исклучително брз ракомет, на долги периоди не само што париравме, туку бевме и подобар противник, но ја плативме цената за падот на концентрацијата во завршните минути и го минимално го загубивме овој натпревар.

Овој меч мора да биде натпревар од кој ќе се извлечат поуки, пред настапот на ЕП 2026 година каде нашите ракометари за противници ќе ги имаат Данска, Португалија и Романија. За поздрав е одличната атмосфера која што ја направија навивачите во салата во Куманово.

 

 

Се вчитува...