Македонската ракометна репрезентација по долги години загуби еден домашен квалификациски натпревар, откако по голема битка загуби од Португалија. Конечните „минус шест“ се нереална слика за случувањата на теренот, иако останува впечатокот дека гостите знаеја како да ја оправдаат фаворитската улога, не ги фати паника во моментите кога нашите ракометари одиграа фуриозно и знаеја како да стигнат до победата, која ги зацврстува на првото место на табелата.
Воопшто не е срамота оваа подмладена Македонија да загуби од ривал како што е Португалија, но многу е значајно да се извлечат вистинските поуки, а грешките да бидат отстранети што поскоро.
Пласманот на ЕП е речиси осигуран, што е одлична работа, а сите се надеваме дека најдоброто од националната селекција допрва следи, почнувајќи токму од тој европскиот шампионат, на кој овие млади играчи ќе имаат нова можност да блеснат на големата сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА