Пораз од Луксембург за крај на кадетките на ЕП Б-дивизија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години со пораз од Луксембург 59-51 го заврши настапот на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Црна Гора.

Кошаркарките на Луксембург го презодоа водството уште во првата четвртина (22-15) и без поголеми проблеми успеаја да го задржат до крајот на натпреварот. Зара Стојковска со 20 поени беше најефикасна во нашиот тим, додека кај победникот Иси Етуте заврши со 21 поен.

Македонија европското првенство го заврши на претпоследната позиција со само една победа, против Швајцарија.

Се вчитува...