Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Полска со 97-81 во првиот контролен натпревар против оваа земја која „црвено-жолтите“ ќе ја играат во Србија.
Полјаците во текот на целиот меч го контролираа натпреварот и на крајот стигнаа до триумф. Кај нас најефикасен со 18 поени беше Ти Џеј Шортс, додека Стојан Ѓуроски уфрли 15. Војдан Стојановски го заврши мечот со 13 поени.
Кај победникот Александар Барчеловски со 23 поени беше прво име, а го пратеше Микал Соколовски со 16 поени.
Овие две репрезентации утре ќе одиграат уште еден натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА