Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Романија со 25-40во натпревар за 21. место на Европското првенство до 17 години и со тоа падна ранг подоле, па следната генерација ќе игра во Б-дивизија на континенталниот собир за две години.
Нашите девојки катастрофално го отворија натпреварот и веќе на полувреме имаа негатива од дванаесет голови 10-22. Во вториот дел Романките само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 25-40.
Ања Лашкоска со шест гола беше најпрецизна во нашиот табор, додека кај победникот, Сара Марија Старк постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

