Пораз од Розенборг (3-1), но и историски гол на Фелипе

Македонскиот првак Вардар доживеа уште еден убедлив пораз (3-1) и во вториот меч од групата Л во Лигата на Европа. Овојпат Розенборг ги совлада „црвено-црните“ со 3-1 и им покажа дека сепак се инфериорни во ова натпреварување. Мала искра надеж светна на самиот крај, кога Хуан Фелипе со прекрасен лоб удар го постигна првиот историски гол во групата.

Бендтнер од пенал го отвори резултатот во 25.минута, на почетокот на вториот дел Конрадсен зголеми на 2-0, а Хеденштад го постигна третиот гол за Розенборг во 68.минута.

Дејан Блажевски уште на стартот можеше да го шокира домаќинот. Се репи на удар од 30 метри и ја погоди стативата од голот на Розенборг. Потоа норвешкиот тим ја презеде иницијативата, се закани Бендтнер, но и Николов во 16.минута, кога шутираше над голот.

Во 25.минута, Розенборг поведе. Муслиу направи прекршок во шеснаесетникот над Бендтнер, и бугарскиот судија Кебаков покажа на белата точка. Токму Бендтнер беше прецизен и донесе водство за својот тим.

rozenborg so vardar 2

На стартот од вториот дел, Вардар тргна поофанзивно, се обиде Барсегјан, но потоа следеше „бомбата“ на Конрадсен. Во 56.минута, играчот за врска на Розенборг упати проектил од 20 метри и ја закова топката зад грбот на Гачевски.

Во 68.минута, и трет гол за Розенборг. Бендтнер луцидно со петица го проигра Хеденштад, кој излезе сам пред Гачевски и без проблеми го совлада.

Барсегјан упати силен шут во 75.минута, но Хансен успеа да одбрани и да исфрли во корнер. Шест минути подоцна, нововлезениот Бесар Исени ја имаше најубавата шанса, шутираше од 15 метри, но Мелинг спаси на гол – линијата и не дозволи Вардар да го постигне првиот гол во групите од Лигата на Европа.

Сепак, тоа се случи во судиското продолжение, кога Хуан Фелипе со прекрасен лоб удар постигна погодок, прв, историски за Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.

Rosenborg - Vardar 3

РОЗЕНБОРГ – ВАРДАР 3-1 (1-0)

Стадион „Леркендал“. ГЛедачи: 15.000. Судија: Кебаков (Бугарија). Стрелци: Бендтнер 25’ пен., Конрадсен 56’, Хеденштад 68’ (Розенборг), Фелипе 90’ (Вардар). Ж. картони: Скјелвик (Розенборг), Муслиу, Џигаури, Демири (Вардар).

РОЗЕНБОРГ: Хансен, Хеденштад, Региниусен, Скјелвинг, Мелинг, Лундемо (86’ Расмусен), Јенсен, Конрадсен (78’ Трондсен), Адегбенро, Де Ланлај (78’ Јевтовиќ), Бендтнер.

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Муслиу, Демири, Глигоров, Николов (76’ Исени), Фелипе, Џигаури, Блажевски, Барсегјан (76’ Стојчевски).

Се вчитува...