Пораз во Шарлоа – Рамноправни сетови, но среќата и спретноста за Белгијците!

Македонските одбојкари го доживеаја и вториот пораз во 4. коло од Европската златна лига, овој пат на гостувањето против Белгија во Шарлоа.

Белгијците успеаја да ни се реваншираат за поразот во Скопје, сега победувајќи во само три сета со 3-0.

Резултатски убедлива победа на Белгија, но сетови максимално рамноправни по кои резултатот можеше да биде и многу поразличен. Но, домашните беа посреќни и поспретни во финишот на сетовите па успеваа да ги добијат со 27-25, 25-23 и 26-24.

Првиот сет го заслужи Македонија, но со неколку среќни поени во финишот Белгијците успеаја да го освојат. Во третиот сет, пак, Македонија имаше предност и од 22-24, но домашните одбојкари со четири едноподруго поени на крајот успеаја да дојдат до победата.

Македонија сега падна на третата позиција на табелата во Групата Б со 5 бода. Белгија сега е втора со 6 бода, а Украина е водечка со 9 бода од три натпревари.

 

Се вчитува...