Пораз за Вецлар, Миркуловски без погодок

 Вецлар ја продолжи лошата серија во Бундес-лигата со уште еден пораз. Тимот на Филип Миркуловски загуби на гостувањето кај Гепинген со 28-25 што е  нивни четврти пораз во серија.

Македонскиот бел остана без погодок, со само една асистенција на овој меч во кој домаќините константно беа во водство, достигнувајќи и највисоки седум гола позитива.

Максимилиан Холст постигна шест гола за Вецлар, а Марсел Шилер го предводеше Гепинген со 11 гола.

По петтиот пораз во во првите 10.кола во Бундес-лигата, Вецлар падна на 10.место на табелата со 8 бода. Во водство во Бунделс-лигата се шампионот Рајн Некар Левен и Берслин со по 16 бода.

 

Се вчитува...