Македонските тенисерки доживеаја порази на стартот на двата фјучрс-турнири на кои настапија. Во турскиот град Кајсери, Лина Ѓорческа го загуби мечот од Русинката Екатерина Маклакова со 2-1 во сетови, 3-6, 7-6(4) 6-3, додека Магдалена Стоилковска на Бол во Хрватска загуби од Чинда Шефцликова од Чешка со 2-0 во сетови, 6-1 и 7-5.
Ѓорческа на турнирот во Кајзери (награден фонд од 40.000 долари) имаше добар почеток и поведе со 1-0 во сетови откако првиот сет и припадна со 6-3 во гемови, а имаше предност во сетот од 3-1 и 5-3 што се покажа решавачко. Во вториот сет Маклакова поведе со 2-0 во гемови, но македонската тенисерка успеа да направи пресврт и да стигне до водство од 3-2 и постојано имаше предност од еден гем, па така сетот се решаваше во тај-брејк. „13-тиот гем“ и припадна на руската тенисерка со 7-4 на поени со што изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Русинката дојде до предност од 4-1 во гемови, а потоа и до 6-3 и по два часа го доби мечот.
Стоилковска откако го загуби првиот сет со 6-1 во гемови, во вториот прикажа подобра игра и резултатски сетот беше неизвесен. Противничката повторно имаше водство од 5-1 во гемови, а македонската тенисерка успеа да направи серија од четири гема за 5-5 и притоа спаси две меч топки, а во 11-тиот гем имаше можност и за водство од 6-5, но ривалката успеа да направи брејк.
Стоилковска денеска одигра уште еден меч во конкуренција на двојки во првото коло заедно со хрватската тенисерка Ноа Крзнариќ загубија со 2-0 во сетови (6-3, 6-3) од Нока Јурич (Словенија) и Фани Норин (Шведска).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА