Порази на Работнички и Кожув: Каршијака и Бора ќе играат во финалето во Гевгелија

Македонските екипи Работнички и Кожув не успеаја да ги минат полуфиналните пречки, па во големото финале од турнирот „Боби Петковски“ во Гевгелија ќе се сретнат Каршијака од Турција и косовскиот прволигаш Бора.

Каршијака ја оправда фаворитската улога против Работнички, триумфирајќи со резултат 84-74. Турскиот тим доминираше во првото полувреме, имаше предност од 52-35, но Работнички собра сили да се врати и ја заврши третата четвртина со само пет поени негатива (66-61). Гостинот од Турција сепак беше поумешен во финишот и славеше со конечните „плус десет“.

О’Нил беше прв стрелец на Работнички со 21 постигнат поен, додека Хатсон го заврши натпреварот со 16 поени и осум скокови.

Многу поинтересно и понеизвесно беше на мечот меѓу домаќинот Кожув и екипата на Бора од Косово (76-77). Македонскиот тим долго време имаше контрола над резултатот, гостите од Косово во финишот го презедоа водството, а Кожув не реализираше слободно фрлање за израмнување на помалку од десет секунди до крајот на мечот.

Се вчитува...