Македонските борачи Владимир Егоров и Фати Вејсели го завршија настапот во првото коло на Светското првенство во борење кое се одржува во Нур Султан во Казахстан. Вејсели во категоријата до 65 килограми на самиот старт загуби од Словенецот Давид Хабит со 9-1. Владимир Егоров исто така немаше среќа со ждребот, бидејќи во категоријата до 57 килограми, во првото коло каде загуби од Американецот Дејтон Фикс.
Утре на душекот на СП во Нур Султан во Казахстан ќе се појават другите двајца македонски борачи Нуров и Сејфулаху. Доколку не успеат да се пласираат меѓу шесте најдобри, шансата за виза за Токио ќе ја бараат на квалификацискиот турнир кој е закажан за следниот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА