„Поразот од Хрватска ме болеше повеќе отколку да загубев член на семејството“

Бразилскиот фудбалер Ричарлисон се уште не може да се помири со елиминацијата на својата татковина од Хрватска на Светското првенство во Катар. Бразилците кои важеа за топ фаворит за освојување на трофејот се најдоа пред „коцкестите“ кои успеаја да слават по пенал рулетот.

Говорејќи за медумите во Англија, фудбалерот на Тотенхем изјави дека елиминацијата од Хрватска му била потешка и од загуба на член на семејството.

„Тоа беше многу тежок момент. Мислам дека ме болеше повеќе отколку да загубев член на семејството. Ми беше многу тешко да го надминам. И ден денеска кога гледам видеа на социјалните мрежи ме растажува. Но, мораме да одиме понатаму. Јас сум уште млад, мислам дека имам уште еден или два Мундијали пред мене“, вели Ричарлисон.

Се вчитува...