Поразот од Црвена Звезда во финалето од Купот на Србија ќе донесе и промени на тренерската позиција во Партизан каде Александар Станојевиќ поднесе отставка.
„Црно-белите“ оваа сезона беа во битка за трофеите во првенството и Купот, но на крајот остана со „празни раце“, а истите заминаа во витрините на големиот градски ривал.
„Не сакам себе си да се ставам во прв план, но тешко дека ќе ги видам на тренинг. Како што сите вас ве интересира му изјавив на раководството дека заминувам ако не освоиме титула. Јас ќе се повлечам и останувам на таа одлука. И по натпреварот со Чукарички им го кажав тоа на луѓето од клубот. Знаев дека ќе дадам отставка на крајот на сезоната и тоа ќе го испочитувам. На играчите им го соопштив тоа“, изјави Станојевиќ на прес-конференцијата.
Станојевиќ оваа зима го продолжи договорот со белградските „црно-белите“, но раководството сега ќе треба да ја најде адекватната замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА