Кошаркарската федерација на Македонија во последниот билтен ги одреди казните за клубовите поради нивните пропусти во 10. коло од прволигашкиот шампионат.
Најголема казна снеси Работнички за пропустите при организација на вечното дерби со МЗТ Скопје одиграно во СРЦ „Кале“.
Поради фрлање на тврди предмети од страна на навивачите на „црвено-белите“, Работнички ќе плати сума од 24 000 денари. Дополнително клубот е казнет со 9600 денари поради досудена техничка грешка кон клупата.
Казна има и за МЗТ Скопје од 4000 денари поради фрлање на меки предмети на навивачите, додека поединечно се казнети и кошаркарите Виктор Ефремовски со 9600 денари поради две досудени технички грешки, Војдан Стојановски со 6400 денари поради две досудени технички грешки, како и Борјан Стојановски со 1000 денри поради техничка грешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

