Дастин Порие го шокираше УФЦ-светот со нокаутот на Конор Мекрегор во втората рунда од борбата на УФЦ 257 во Абу Даби.
Порие не можеше да ја сокрие среќата по борбата, истакнувајќи дека сега тој е новиот шампион…
„Мислам дека бев одличен. Некогаш имам тенденција да ја губам контролата. Сакам да го повредам противникот, па влегувам во ситуации во кои сум самиот во проблем. Бев во проблеми во првата рунда, но во втората рунда се направив како што треба. Честитки за Конор кој максимално професионално се понесе по поразот. Сега сме 1-1 и можеби ќе ни треба и трета борба. Среќен сум, пресреќен сум со она што го гледам во огледало“ – истакна Порие.
На прашање што следно му треба сега за да стане светски шампион, кратко одговори:
„Мислам дека токму ова беше борба за светски шампион. Конор и јас сме најдобри, а јас победи. Ако Хабиб Нурмагомедов не се враќа и појасот нема сопственик тогаш јас сум новиот шампион, а не тој“.
Како што е познато, Хабиб Нурмагомедов и натаму се води како актуелен шампион во лесна категорија, иако пред два месеци рече дека се збогува од октогонот. Имаше гласини дека ќе се врати, но тој ги демантирше истите.
Two wins vs Holloway.
One win vs McGregor.
Best boxer in the Octagon? ? #UFC257 pic.twitter.com/HsuQMzwkFV
— UFC (@ufc) January 24, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА